Check Your Compensation

 

Kолку доцневте на крајната дестинација?

 

Кога Ве известија за откажаниот лет?

 

Дали бевте одбиени за влез во авионот со причина (на пример, неважечки патнички документи или безбедносни проблеми)?

 
 
 

Откажан лет

Според ЕС 261/2004 има утврдени правила и за откажан лет. Износот на надоместот е ист и се движи меѓу  €250 и €600 во зависност од летот. Но, откажувањето на летот е малку покомплексно. Читајте понатаму за да ги дознаете Вашите права.

 

Поднеси Барање

 

Што е откажан лет?

Летот се смета за откажан ако авионот никогаш не го напуштил аеродромот. Регулативата 261/2004 го дефинира откажаниот лет како ,,Не-оперирање на лет кој претходно бил планиран на кој било резервирано барем едно место’’.

Постојат многу причини заради кои може да се откаже лет. На пример, лошите временски услови или безбедносните ризици можат да ја натераат авиокомпанијата да го откаже летот.

Регулативата ЕС 261/2004 им дава право на патниците да надоместат до €600 за откажан лет. Подолу ќе ги објасниме деталите околу надоместот на кој би имале право.

Кои летови се опфатени со Регулативата ЕС 261/2004?

За да побарате надомест за откажан лет, мора да исполните одредени услови врз основа на ЕС 261/2004.

  • Летот да е во ЕУ, а оператор може да биде авиокомпанија од ЕУ или надвор од ЕУ;

  • Летот да полетува од земја од ЕУ до земја која не е членка на ЕУ, а оператор може да биде авиокомпанија од ЕУ или надвор од ЕУ;

  • Летот да полетува надвор од ЕУ и оди до земја од ЕУ, а операторот е авиокомпанија од ЕУ

Да резимираме, сите летови кои полетуваат од ЕУ со кои управува авиокомпанија од ЕУ се опфатени со оваа регулатива. Регулативата опфаќа 28 земји на ЕУ, а ги вклучува и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.

Правото да поднесете барање за Вашиот откажан лет е ограничено со  време. Рокот за поднесување зависи од земјата на оперативната авиокомпанија. На пример, од Британска авиокомпанија може да се бара 6 години наназад, додека од белгиските компании може да се бара само 1 година наназад. Во табелата подолу можете да најдете целосна листа со временско ограничување по земја.

 

Земја

Временски период

Земја

Временски период

Австрија

3 години

Латвија

2 години

Белгија

1 година

Литванија

3 години

Бугарија

3 години

Луксембург

10 години

Хрватска

6 години

Малта

Нема лимит

Кипар

3 години

Холандија

2 години

Чешка

3 години

Норвешка

3 години

Данска

3 години

Полска

1 година

Естонија

3 години

Португалија

3 години

Финска

3 години

Романија

3 години

Франција

5 години

Словачка

2 години

Германија

3 години

Словенија

2 години

Грција

5 години

Обединето Кралство

6 години

Унгарија

5 години

Швајцарија

2 години

Исланд

2 години

Шведска

3 години

Ирска

6 години

Шпанија

5 години

Италија

26 месеци

 

 


Право на надомест за откажан лет

Кога Вашиот лет е откажан, имате право да изберете меѓу:

  • Целосна рефундација на Вашиот лет или

  • Заменски лет (пренасочување) кон Вашата крајна дестинација.

Овие правила важат без оглед на причината за откажувањето и дали сте биле информирани или не. Ако Вашиот лет бил откажан на половина патување, исто така имате право на рефундација или заменски лет. Но, во случај да одберете рефундирање, авиокомпанијата мора да обезбеди и превоз до оригиналната појдовна точка.

Во секој случај, кога заради откажувањето Вие доцните најмалку 2 часа, авиокомпанијата мора да се грижи за Вас, како што е објаснето во делот за одложен лет. Ова значи да Ви обезбеди оброк и освежување, средства за комуникација (телефон / е-пошта), па дури и хотелско сместување ако одложувањето е преку ноќ.

Отштета за откажан лет

Покрај горенаведеното, врз основа на ЕЦ 261/2004, Вие може да имате право и на надомест. Ова зависи од времето кога сте биле известени за откажувањето и од полетувањето и слетувањето на заменскиот лет понуден од авиокомпанијата. Важат следните правила:

  • Ако сте биле известени 14 дена пред поаѓањето на авионот, немате право на надомест

  • Ако сте биле информирани меѓу 7 и 14 дена пред поаѓањето, може да имате право на надомест

  • Ако сте биле информирани помалку од 7 дена пред поаѓањето (на пр. На аеродоромот), исто така, може да имате право на надомест.

Задоцнувањето на крајната дестинација треба да биде најмалку 2 часа споредено со оригиналниот лет. Погледнете ги табелите подолу за да проверите дали имате право и колку можете да добете за откажаниот лет.

Растојание на летот

Време на полетување / слетување

Големина на надомест

< 1,500 km

Полетување: најмалку 2 часа или
повеќе порано од оригиналниот лет, и
Слетување: 2 часа или помалку
подоцна од оригиналниот лет.

€125

Полетување: најмалку 2 часа или повеќе порано
од оригиналниот лет, и
Слетување: 2 часа или повеќе
подоцна од оригиналниот лет.

€250

Полетување: најмалку 4 часа
подоцна од оригиналниот лет.

€250
Помеѓу 1,500 и 3,500 km        

Полетување: најмалку 2 часа или
повеќе порано од оригиналниот лет, и
Слетување: 3 часа или помалку
подоцна од оригиналниот лет.

 

€200

Полетување: најмалку 2 часа или повеќе порано
од оригиналниот лет, и
Слетување:3 - 4 часа или повеќе
подоцна од оригиналниот лет.

€400

Полетување: најмалку 4 часа
подоцна од оригиналниот лет.

€400
> 3,500 km

Полетување: најмалку 2 часа или
повеќе порано од оригиналниот лет, и
Слетување: 4 часа или помалку
подоцна од оригиналниот лет.


Полетување: најмалку 4 часа
подоцна од оригиналниот лет.

      -

€300

 

 

€600

 

Лет откажан најмалку 7 дена пред полетување:

Растојание на летот

Време на полетување / слетување

Големина на надомест

< 1,500 km

Полетување: 1 час или повеќе
порано од оригиналниот лет, и
Слетување: 2 часа или помалку
подоцна од оригиналниот лет.

€125

Полетување: најмалку 2 часа подоцна од оригиналниот лет.

€250
Помеѓу 1,500 и 3,500 km        

Полетување: 1 час или повеќе
порано од оригиналниот лет, и
Слетување: 3 часа или помалку
подоцна од оригиналниот лет.

 

€200

Полетување: најмалку 3 часа подоцна од оригиналниот лет,

€400
> 3,500 km

Полетување: 1 час или повеќе
порано од оригиналниот лет, и
Слетување: 4 часа или помалку
подоцна од оригиналниот лет.

   

 

€300

 

 

Полетување: најмалку 3 часа подоцна од оригиналниот лет,

€600

 

Доколку авиокомпанијата не Ви понудила заменски лет, тогаш важи следнава табела:

Растојание на летот

Време на полетување / слетување

Големина на надомест

< 1,500 km

Полетување: најмалку 2 часа или
повеќе порано од оригиналниот лет, и
Слетување: 2 часа или помалку
подоцна од оригиналниот лет.

Немате право на надомест

Полетување: најмалку 2 часа или повеќе порано
од оригиналниот лет, и
Слетување: 2 часа или повеќе
подоцна од оригиналниот лет.

€250

Полетување: најмалку 4 часа
подоцна од оригиналниот лет.

€250
Помеѓу 1,500 и 3,500 km        

Полетување: најмалку 2 часа или
повеќе порано од оригиналниот лет, и
Слетување: 3 часа или помалку
подоцна од оригиналниот лет.

 

€200

Полетување: најмалку 2 часа или повеќе порано
од оригиналниот лет, и
Слетување:3 - 4 часа или повеќе
подоцна од оригиналниот лет.

€400

Полетување: најмалку 4 часа
подоцна од оригиналниот лет.

€400
> 3,500 km

Полетување: најмалку 2 часа или
повеќе порано од оригиналниот лет, и
Слетување: 4 часа или помалку
подоцна од оригиналниот лет.

€300

Полетување: најмалку 4 часа
подоцна од оригиналниот лет.

€600

Надомест намален за 50%

Авиокомпанијата може да го намали надоместот за 50% ако бил понуден друг лет до крајната дестинација чие време на пристигнување не го надминува планираното време на пристигнување на оригиналниот лет со:

  • 2 часа за сите летови од 1,500км или помалку

  • 3 часа за сите летови во ЕУ на повеќе од 1,500км

  • 3 часа за сите летови помеѓу 1,500км и 3,500км

  • 4 часа за сите летови над 3,500км

Пример

Вашиот лет е откажан 12 дена пред полетувањето. Авиокомпанијата Ви нуди заменски лет. Новиот лет тргнува во 16 часот наместо во оригиналното време на поаѓање во 17 часот, што е 1 час порано. Времето на пристигање е 3 часа подоцна. Во овој пример, немате право на надомест бидејќи сѐ уште е во рамките на нормите.

Вонредни околности

Надомест за одложен лет следува само доколку авиокомпанијата е одговорна за доцнењето. Врз основа на ЕС 261/2004, оперативниот авиопревозник не е одговорен за одложувања предизвикани од вонредни околности. Овие околности не можат да се избегнат дури и откако биле преземени сите разумни мерки. Едноставно, одложениот лет е вон контрола на авиокомпанијата. Бидејќи авиокомпанијата не е одговорна, не следува надомест за патниците. Под вонредни околности спаѓаат:

  • Лоши временски услови

  • Ограничувања од контролата за воздушен сообраќај

  • Штрајк (неповрзан со авиокомпанијата)

  • Птици

  • Безбедносни ризици

  • Медицинска вонредна состојба

  • Скриени дефекти

Сепак, авиокомпаниите знаат да ги искористат вонредните околности за да го оправдаат одложувањето на летовите. Имајте на ум дека авикомпанијата треба да обезбеди доказ кога ги користат вонредните околности како причина да се ослободат од одговорноста. На пример, штрајкот на персоналот на авиокомпанијата не се смета за таква околност, ниту пак сите ,,лоши временски услови’’ го оправдуваат доцнењето. Покрај тоа, техничките проблеми кои не се поврзани со дефетки во производството не се сметаат за вонредни околности.

Поднесете барање за Вашиот откажан лет со Claim24

Claim24 е тука за да ги заштити Вашите права како авионски патник и да побара надомест за летот од авиокомпанијата. Ние го поднесуваме барањето во име на патникот, стапуваме во контакт со авиокомпанијата и се грижиме за сѐ користејќи наша правна и воздухопловна експертиза. Нема плаќање однапред, нема плаќање ако изгубиме, и без финасиски ризик - работиме врз основа на ,,нема добивка - нема плаќање’’. Доколку добиеме, земаме 29% провизија од вкупниот надомест (вклучувајќи и ДДВ).

Заинтересирани? Користете го нашиот бесплатен калкулатор за да дознаете дали имате право на надомест за летот.

 

 

Was your flight disrupted?

 

Was your flight delayed, cancelled or overbooked? Get up to €600 compensation per person for your disrupted flight!

 
 
Проверете ја компензацијата
Оваа страница користи колачиња. Со користењето на Claim24, ја прифаќате нашата политика за колачиња.    ПРИФАТИ