Check Your Compensation

 

Kолку доцневте на крајната дестинација?

 

Кога Ве известија за откажаниот лет?

 

Дали бевте одбиени за влез во авионот со причина (на пример, неважечки патнички документи или безбедносни проблеми)?

 
 
 

Одбиен влез во авионот

Сѐ почесто се случува на патниците да им е одбиен влез во авионот. Постојат авиокомпании кои продаваат повеќе билети отколку што има достапни места (пребукирање), бидејќи претпоставуваат дека некои патници нема да се појават. Во тој случај, авиокомпанијата прво бара волонтери кои би се откажале од своето седиште во замена за нешто друго. Доколку никој не се пријави, тогаш патникот ќе биде избран по случаен избор и ќе му биде одбиен влез во авионот против негова волја, без никаква разумна основа.

 

Поднеси Барање

 

Кои летови се опфатени со Регулативата ЕС 261/2004?

За да побарате надомест за одбиен влез во авионот, мора да исполните одредени услови врз основа на ЕС 261/2004.

  • Летот да е во ЕУ, а оператор може да биде авиокомпанија од ЕУ или надвор од ЕУ;

  • Летот да полетува од земја од ЕУ до земја која не е членка на ЕУ, а оператор може да биде авиокомпанија од ЕУ или надвор од ЕУ;

  • Летот да полетува надвор од ЕУ и оди до земја од ЕУ, а операторот е авиокомпанија од ЕУ

Да резимираме, сите летови кои полетуваат од ЕУ со кои управува авиокомпанија од ЕУ се опфатени со оваа регулатива. Регулативата опфаќа 28 земји на ЕУ, а ги вклучува и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.

Правото да поднесете барање за Вашиот откажан лет е ограничено со  време. Рокот за поднесување зависи од земјата на оперативната авиокомпанија. На пример, од Британска авиокомпанија може да се бара 6 години наназад, додека од белгиските компании може да се бара само 1 година наназад. Во табелата подолу можете да најдете целосна листа со временско ограничување по земја.

Земја

Временски период

Земја

Временски период

Австрија

3 години

Латвија

2 години

Белгија

1 година

Литванија

3 години

Бугарија

3 години

Луксембург

10 години

Хрватска

6 години

Малта

Нема лимит

Кипар

3 години

Холандија

2 години

Чешка

3 години

Норвешка

3 години

Данска

3 години

Полска

1 година

Естонија

3 години

Португалија

3 години

Финска

3 години

Романија

3 години

Франција

5 години

Словачка

2 години

Германија

3 години

Словенија

2 години

Грција

5 години

Обединето Кралство

6 години

Унгарија

5 години

Швајцарија

2 години

Исланд

2 години

Шведска

3 години

Ирска

6 години

Шпанија

5 години

Италија

26 месеци

   

Право на надомест за одбиен влез

Кога нема да Ви биде дозволено да влезете во авионот, имате право на целосна рефундација на Вашиот билет во рок од 7 дена или на друг лет со слични услови за  превозот. Доколку изберете рефундирање, авиопревозникот мора да Ви обезбеди и превоз до оригиналната точка на поаѓање.

Покрај тоа, имате право и на грижа доколку бидете одложени за најмалку 2 часа: оброк и освежување, средства за комуникација (телефон / е-пошта), па дури и хотелско сместување ако одложувањето е преку ноќ.

Исто така може да имате право на паричен надомест. Во овој случај, тоа мора да биде одложување од најмалку 3 часа како последица на одбивање на влезот во авионот. Точниот износ на надоместот зависи, меѓу другото, и од растојанието на летот.

 

Растојание на летот

Времетраење на одложувањето

Големина на надомест

< 1,500 km

0 - 3 часа

Немате право на надомест

 

3-4 часа

€250

4+ часа

€250

Помеѓу 1,500 и 3,500 km        

0 - 3 часа

Немате право на надомест

 

3-4 часа

€400

4+ часа

€400

> 3,500 km

0 - 3 часа

Немате право на надомест

 

3-4 часа

€300

4+ часа

€600

 

Кога не Ви е дозволен надомест за одбиен влез во авионот?

Според ЕС 261/2004, авиокомпанијата нема обврска да Ви исплати надомест кога:

  • Ќе пристигнете доцна на шалтерот за пријавување или портата

  • Доброволно се откажувате од летот

  • Ви е одбиен влез од легитимна причина (заради здраствени и безбедносни проблеми или несоодветни патни документи).

Горенаведените точки не се опфатени со Регулативата бидејќи не се сметаат за ,,недоброволно одбиен влез’’.

Поднесете барање за Вашиот откажан лет со Claim24

Claim24 е тука за да ги заштити Вашите права како авионски патник и да побара надомест за летот од авиокомпанијата. Ние го поднесуваме барањето во име на патникот, стапуваме во контакт со авиокомпанијата и се грижиме за сѐ користејќи наша правна и воздухопловна експертиза. Нема плаќање однапред, нема плаќање ако изгубиме, и без финасиски ризик - работиме врз основа на ,,нема добивка - нема плаќање’’. Доколку добиеме, земаме 29% провизија од вкупниот надомест (вклучувајќи и ДДВ).

Заинтересирани? Користете го нашиот бесплатен калкулатор за да дознаете дали имате право на надомест за летот.

 

Was your flight disrupted?

 

Was your flight delayed, cancelled or overbooked? Get up to €600 compensation per person for your disrupted flight!

 
 
Проверете ја компензацијата
Оваа страница користи колачиња. Со користењето на Claim24, ја прифаќате нашата политика за колачиња.    ПРИФАТИ