Check Your Compensation

 

Kолку доцневте на крајната дестинација?

 

Кога Ве известија за откажаниот лет?

 

Дали бевте одбиени за влез во авионот со причина (на пример, неважечки патнички документи или безбедносни проблеми)?

 
 
 

Одложен лет

Ненадејното одложување на Вашиот лет не е пријатно искуство. Но, добрата вест е дека можеби имате право на надомест. Ова се базира врз Регулативата на ЕУ (Е3) 261/2004. Оваа европска регулатива  бара од авиокомпаниите да дадат надомест на патниците во случај на долго одложување на нивниот лет. Имате право на надомест од €250 - €600 по лице доколку Вашиот лет е одложен за најмалку 3 часа. Во овој дел може да дознаете повеќе за Вашите патнички права и што да направите во случај на одложен лет.

 

Поднеси Барање

 

Кои летови се опфатени со ЕС 261/2004?

За да побарате надомест за одложен лет, мора да исполните одредени услови врз основа на ЕС 261/2004:

  • Летот да е во ЕУ, а оператор може да биде авиокомпанија од ЕУ или надвор од ЕУ;

  • Летот да полетува од земја од ЕУ до земја која не е членка на ЕУ, а оператор може да биде авиокомпанија од ЕУ или надвор од ЕУ;

  • Летот да полетува надвор од ЕУ и оди до земја од ЕУ, а операторот е авиокомпанија од ЕУ.

Да резимираме, сите летови кои полетуваат од ЕУ со кои управува авиокомпанија од ЕУ се опфатени со оваа регулатива. Регулативата опфаќа 28 земји на ЕУ, а ги вклучува и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.

Правото да поднесете барање за Вашиот лет е ограничено со  време, а рокот за поднесување зависи од земјата на оперативната авиокомпанија. На пример, од британска авиокомпанија може да се бара 6 години наназад, додека од белгиските компании може да се бара само 1 година наназад. Во табелата подолу можете да најдете целосна листа со временско ограничување по земја.

 

Земја

Временски период

Земја

Временски период

Австрија

3 години

Латвија

2 години

Белгија

1 година

Литванија

3 години

Бугарија

3 години

Луксембург

10 години

Хрватска

6 години

Малта

Нема лимит

Кипар

3 години

Холандија

2 години

Чешка

3 години

Норвешка

3 години

Данска

3 години

Полска

1 година

Естонија

3 години

Португалија

3 години

Финска

3 години

Романија

3 години

Франција

5 години

Словачка

2 години

Германија

3 години

Словенија

2 години

Грција

5 години

Обединето Кралство

6 години

Унгарија

5 години

Швајцарија

2 години

Исланд

2 години

Шведска

3 години

Ирска

6 години

Шпанија

5 години

Италија

26 месеци

 

 


Висината на надоместот на кој имате право зависи од неколку фактори, вклучувајќи колку време е летот одложен и оддалеченота на истиот Табелата подолу ја резимира сумата за која можете да поднесете барање.

Право на добивање надомест за одложен лет

Висината на надоместот на кој имате право зависи од неколку фактори, вклучувајќи колку време е летот одложен и оддалеченота на Вашиот лет. Табелата подолу ја резимира сумата за која можете да поднесете барање.

 

Растојание на летот

Времетраење на одложувањето

Големина на надомест

< 1,500 km

0 - 3 часа

Немате право на надомест

3-4 часа

€250

4+ часа

€250
Помеѓу 1,500 и 3,500 km        

0 - 3 часа

Немате право на надомест

3-4 часа

€400

4+ часа

€400
> 3,500 km

0 - 3 часа

    Немате право на надомест

3-4 часа

€300

4+ часа

€600

 

Како се пресметува одложувањето на летот?

Одложувањето на летот се заснова врз времето кога ќе пристигнете на крајната дестинација. Значи, дури и ако Вашиот лет полета подоцна, авиокомпанијата можеби ќе го надомести изгубеното време додека летате.

Но, да го дефинираме терминот ,,време на пристигнување’’.

Времето на пристигнување е дефинирано како моментот кога авионот пристигнал на крајната дестинација и се отворила вратата. Ова се базира под претпоставка дека во тој момент на патниците им е дозволено да го напуштат авионот.

Летови одложени за 2 или повеќе часа

Кога полетувањето на Вашиот авион е одложено за најмалку 2 часа, авиокомпанијата има обврска да се грижи за Вас. Таканареченото ,,право на грижа’’ бара авиокомпанијата да го обезбеди следново (без оглед на причината за одложувањето):

  • Оброци и освежување

  • Телефон и е-пошта

  • Хотелско сместување и превоз до и од хотелот, доколку летот е одложен преку ноќ.

Авиокомпаниите често издаваат ваучери за оброци за да ја исполнат својата обврска за грижа. Ако тие не се обезбедени, важно е да ги задржите сметките што ги добивате при купување оброци и освежување за потоа да побарате враќање на средствата. Трошокот кој ќе настане мора да биде разумен во однос на времето на чекање. На пример, посета на ресторан со 5 звездички нема да може да се оправда како и трошоците за алкохолни пијалоци.

ЗАБЕЛЕШКА: Авиокомпаниите имаат обврска да ги информираат сите патници за нивните права и значењето на ЕС 261. Тоа значи дека секоја компанија ги има прикажано информациите за правата на патниците.

Летови одложени за 3 или повеќе часа

Кога полетувањето е одложено за најмалку 3 часа, тогаш авиокомпанијата е должна да го обезбеди горенаведеното. Дополнително, доколку е одложено слетувањето повеќе од 3 часа, тогаш имате право и на паричен надомест. Се работи за пристигнување на крајната дестинација, а не за полетување.

Финансискиот надомест се пресметува врз основа на времетраењето и растојанието на летот. Задоцнување на летот е кога вистинското време на пристигнување на крајната дестинација е подоцна од закажаното време на пристигнување. Времето на пристигање е дефинирано како моментот кога авионот пристигнал на крајната дестинација и се отворила вратата.

Летови одложени за 5 или повеќе часа

Кога полетувањето е одложено за најмалку 5 часа, тогаш авиокомпанијата е должна да го обезбеди горенаведеното. Освен тоа, имате право да одлучите дали ќе летате или не. Ова е без оглед дали авиокомпанијата е виновна или не. Ваше право е дали ќе го почекате Вашиот авион да полета или ќе побарате целосна рефундација на билетот и повратен лет до првата точка на поаѓање (ако се на половина патување).

Пример:

Заминувате од аеродромот во Атина со задоцнување од 3 часа и 20 мин. Како резултат на тоа пристигнувате на крајната дестинација 2 часа и 40 минути подоцна од очекуваното на крајната дестинација. Во овој пример, немате право на компензација бидејќи доцнењето е помало од 3 часа.

Вонредни околности

Надомест за одложен лет следува само доколку авиокомпанијата е одговорна за доцнењето. Врз основа на ЕС 261/2004, оперативниот авиопревозник не е одговорен за одложувања предизвикани од вонредни околности. Овие околности не можат да се избегнат дури и откако биле преземени сите разумни мерки. Едноставно, одложениот лет е вон контрола на авиокомпанијата. Бидејќи авиокомпанијата не е одговорна, не следува надомест за патниците. Под вонредни околности спаѓаат:

  • Лоши временски услови

  • Ограничувања од контролата за воздушен сообраќај

  • Штрајк (неповрзан со авиокомпанијата)

  • Птици

  • Безбедносни ризици

  • Медицинска вонредна состојба

  • Скриени дефекти

Сепак, авиокомпаниите знаат да ги искористат вонредните околности за да го оправдаат одложувањето на летовите. Имајте на ум дека авикомпанијата треба да обезбеди доказ кога ги користат вонредните околности како причина да се ослободат од одговорноста. На пример, штрајкот на персоналот на авиокомпанијата не се смета за таква околност, ниту пак сите ,,лоши временски услови’’ го оправдуваат доцнењето. Покрај тоа, техничките проблеми кои не се поврзани со дефекти во производството не се сметаат за вонредни околности.

Поднесете барање за Вашиот одложен лет со Claim24

Claim24 е тука за да ги заштити Вашите права како авионски патник и да побара надомест за летот од авиокомпанијата. Ние го поднесуваме барањето во име на патникот, стапуваме во контакт со авиокомпанијата и се грижиме за сѐ користејќи наша правна и воздухопловна експертиза. Нема плаќање однапред, нема плаќање ако изгубиме, и без финасиски ризик - работиме врз основа на ,,нема добивка - нема плаќање’’. Доколку добиеме, земаме 29% провизија од вкупниот надомест (вклучувајќи и ДДВ).

Заинтересирани? Користете го нашиот бесплатен калкулатор за да дознаете дали имате право на надомест за летот.

 

 

Was your flight disrupted?

 

Was your flight delayed, cancelled or overbooked? Get up to €600 compensation per person for your disrupted flight!

 
 
Проверете ја компензацијата
Оваа страница користи колачиња. Со користењето на Claim24, ја прифаќате нашата политика за колачиња.    ПРИФАТИ