Проверете го летот и поднесете барање за отштета

За само неколку минути можете да го проверите Вашиот лет, користејќи го формуларот за барање на нашата веб-страна. Внесете го бројот и датумот на летот и дознајте дали имате право на отштета. Доколку Вашиот лет ја помине оваа проверка, можете веднаш да го поднесете Вашето барање. Проверете го Вашиот лет веднаш бесплатно!

 

Валидација

Нашите експерти ќе проценат дали Вашето барање е законски важечко во рок од 24 часа од поднесувањето. Со помош на податоци од летовите собрани од целиот свет, можеме детално да го истражиме Вашиот случај за успешно да побараме надомест за време на преговорите со авиокомпанијата.

 

Градење на Вашиот случај

Со цел успешно да го обработиме Вашето барање во најкраток можен рок, ни требаат повеќе документи. Откако ќе поднесете барање, ќе добиете е-пошта со Ваши податоци за најава на Вашата сметка. Тука можете лесно да ги поставите потребните документи, како што се потврда за резервацијата и е-билет од летот или да го следите целиот процес од почеток до крај. 

 

Ние бараме надомест за вас

Откако ќе ги собереме документите и податоците, почнуваме да бараме надомест. Ние составуваме писма прилагодени на Вашите потреби и преговараме со авиокомпанијата во Ваше име. Доколку е потребно ќе поведеме правна постапка против нив: ова сѐ е вклучено во цената и немате дополнителни трошоци!

 

Добијте го Вашиот надомест

Ние работиме врз основа на ,,нема добивка, нема плаќање’’. Наплаќаме 29% од вкупниот износ на надоместот, по успешното завршување на Вашето барање. Без плаќање однапред, без плаќање доколку загубиме, и без финасиски ризик за Вас!

Оваа страница користи колачиња. Со користењето на Claim24, ја прифаќате нашата политика за колачиња.    ПРИФАТИ