Check Your Compensation

 

Kолку доцневте на крајната дестинација?

 

Кога Ве известија за откажаниот лет?

 

Дали бевте одбиени за влез во авионот со причина (на пример, неважечки патнички документи или безбедносни проблеми)?

 
 
 

Пропуштен трансфер

Пропуштен трансфер е кошмар на секој патник. Ние разбираме како се чувствувате заглавени на средината на Вашето патување, далеку од планираната дестинација. За среќа, ако патувате до или од Европа, можеби сте заштитени со Регулативата ЕС 261/2004, односно Ви следува надомест.

Што значи тоа? Доколку сте го пропуштиле трансферот заради задоцнување на летот, откажување или одбиен влез, може да имате право на надомест до €600.

 

Поднеси Барање

 

Што е надомест за пропуштен трансфер?

За лет кој не е директен ние го користиме терминот трансфер. Иако овие летови се купуваат како една резервација, тие вклучуваат трансфер на друг лет преку други аеродроми. Тоа значи дека ако задоцни еден од летовите, Вие може да го пропуштите трансферот.

Но, не грижете се - авиокомпанијата треба да Ви организира нов лет. Исто така, ако летате во или надвор од Европа, може да имате право на надомест според Регулативата ЕС 261/2004. Без разлика дали Вашата авиокомпанија е одговорна за пропуштањето, откажувањето на летот, одложувањето на летот или Ви е одбиен влез во авионот, Вие може да поднесете барање за надомест.

Кога можете да поднесете барање за надомест за пропуштен трансфер?

  • Ако сте го пропуштиле трансферот заради задоцнување, откажување или пребукирање на летот;

  • Пропуштениот трансфер предизвикал да задоцните повеќе од 3 часа на крајната дестинација;

  • Летот полетува или слетува во ЕУ;

  • Причината за пропуштање на трансферот не е во Ваша контрола (на пример, немање точна документација или сте се појавиле предоцна), но е во контрола на авиокомпанијата ( на пример, технички потешкотии или штрајк на персоналот на авиокомпанијата);

  • Не важи доколку авиокомпанијата Ви обезбедила заменски лет.

Кога патниците имаат право на надомест за пропуштен трансфер?

Има голем број судски одлуки кои го зајакнуваат правото на патници во корист на потрошувачот. Европскиот Суд на Правдата и Федералниот суд на правдата на Германија имаат издадено одлуки за потрошувачите:

  • Патниците може да добијат надомест за големи одложувања кои влијаат на патувања со повеќе поврзани летови;

  • Планот за патување да биде врзан во една резервација;

  • Сите летови кои доаѓаат пред откажувањето или одложувањето, без оглед дали се управувани од истата авиокомпанија или друга;

  • Сите претходни летови пред откажувањето или одложувањето, но само ако биле управувани од истата авиокомпанија одговорна за летот.

Патниците кои го пропуштиле трансферот заради авиокомпанијата и истиот се одложува на повеќе од 3 часа, можат да побараат надомест од €250 до €600. Висината на надоместот зависи од растојанието на целото патување, од почетниот аеродром до крајната дестинација. Еве како се пресметува вкупниот надомест:

Растојание

Надомест

< 1,500 km

€250

Помеѓу 1,500 и 3,500 km

€400

> 3,500 km

€600

 

Но, за да Ви следува надомест и двата лета треба да бидат дел од истата резервација. Ова значи дека сте резервирале едно патување од Вашето заминување до Вашата крајна дестинација, а авиокомпанијата Ви издала билет со трансфер. Овие летови најчесто се од истата авиокомпанија.

Различно е ако направите две или повеќе резервации за летови и планирате да фатите еден по друг лет. Во тој случај, не Ви следи надомест.

Можете да проверите дали Вашето патување е единствена резервација преку Вашиот референтен број. Доколку е ист за сите летови, тогаш тие се дел од истата резервација.

Како се пресметува растојанието за пропуштен трансфер?

Растојанието кое го поминува Вашиот лет, или требало да го помине, го одредува износот на надоместот кој можете да го барате. Вкупното време на одложување нема влијание врз сумата, таа зависи исклучиво од маршрутата.

Важна е тоталната должина на патувањето, не бројот на летови што сте ги испуштиле. Тоа значи, ако барате компензација, сите летови што се случиле пред пропуштениот лет може да бидат вклучени, ако не биле од друг авио оператор.  Со други зборови, ако авиокомпанијата го предизвика пропуштениот трансфер, тие имаат одговорност за сите нивни летови, дури и ако се случиле пред прекинот. Тие се одговорни и за подоцнежните летови, дури и ако се преку друга авиокомпанија.

Но, ако претходните летови биле од друга авиокомпанија, тогаш тие не се вклучуваат во пресметката за далечината. Но, се одговорни за сите подоцнежни летови, дури и ако се од друга авиокомпанија.

Одобреното растојание ги вклучува и откажаните летови, како и:

  • Летови кои доаѓаат по проблематичниот лет, без разлика дали се од истата авиокомпанија или не

  • Претходните летови, ако се од истата авиокомпанија која е одговорна за откажаниот лет.

Поднесете барање за Вашиот одложен лет со Claim24

Claim24 е тука за да ги заштити Вашите права како авионски патник и да побара надомест за летот од авиокомпанијата. Ние го поднесуваме барањето во име на патникот, стапуваме во контакт со авиокомпанијата и се грижиме за сѐ користејќи наша правна и воздухопловна експертиза. Нема плаќање однапред, нема плаќање ако изгубиме, и без финасиски ризик - работиме врз основа на ,,нема добивка - нема плаќање’’. Доколку добиеме, земаме 29% провизија од вкупниот надомест (вклучувајќи и ДДВ).

Заинтересирани? Користете го нашиот бесплатен калкулатор за да дознаете дали имате право на надомест за летот.

 

 

Was your flight disrupted?

 

Was your flight delayed, cancelled or overbooked? Get up to €600 compensation per person for your disrupted flight!

 
 
Проверете ја компензацијата
Оваа страница користи колачиња. Со користењето на Claim24, ја прифаќате нашата политика за колачиња.    ПРИФАТИ