Claim24 B.V. обработува лични податоци преку веб-страницата www.claim24.nl. Би сакале да ве информираме јасно и транспарентно кои информации, од кого, за каква цел, и како ги користиме овие лични податоци. Оваа изјава за приватност содржи елементи од Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR). Claim24 B.V. дејствува во согласност со правилата на GDPR за обработка на лични податоци. Со користење на нашата веб-страница, се согласувате со оваа изјава за приватност.

Чии податоци се обработуваат?

Claim24 обработува лични податоци од луѓе со кој имаме директен или индиректен контакт, вклучувајќи ги луѓето што ја посетуваат нашата страница. Обработката подразбира: сите постапки што може да се преземат со овие лични податоци, како собирање, снимање, зачувување и обезбедување. Меѓу другото, обработуваме лични податоци на:

  • Корисници и нивните претставници
  • Луѓе што се заинтересирани за нашите производи и/или услуги

  • Луѓе поврзани со компанија или организација со која имаме, сакаме да постигнеме или сме имале деловна врска.

Кои лични податоци ги обработуваме?

Се обработуваат следните лични податоци:

  • Име и презиме;
  • Пол;

  • Датум на раѓање;

  • Број на документ;

  • Адреса;

  • Телефонски број;

  • Е-пошта;

  • Податоци за банката;

  • IP адреса, податоци за уредот и колачиња.

...

  • Детали за резервацијата

Claim24 B.V. не обработува повеќе лични податоци одошто е неопходно (приватност по дифолт).

Зошто ги обработуваме податоците?

Claim24 B.V. ги обработува личните податоци потребни за исполнување на барањето за отштета на лет. Преку веб-страницата www.claim24.nl, гореспоменатите податоци се бараат и се обработуваат при пополнувањето на барање за отштета. Потребни ни се податоците за да влеземе во деловен однос со вас и да го утврдиме вашиот идентитет, но и да одржуваме контакт со вас. За точна комуникација, мора да ве идентификуваме и да ви се обратиме со точниот поздрав и име. Потребна ни е вашата адреса за кореспонденција и подготовка на писма. Обезбедуваме и онлајн услуги, па затоа ни е потребна (заштитена) копија од ваш документ за идентификација за да го утврдиме вашиот идентитет и да го проследиме до авиопревозникот доколку е потребен при поднесувањето на барањето. Авиокомпанијата или судот мора да го потврдат вашиот идентитет преку вашето име и презиме, датум на раѓање и потпис (кој треба да се совпаѓа со потписот на Полномошното). Сепак, не се потребни вашата фотографија од пасошот и матичниот број, така што се заштитени од ваша или наша страна. Ретко се бара број на документ. Вашата е-пошта е потребна за информирање околу поднесеното барање и потребни ни се вашите банкарски податоци за да ви ја префрлиме компензацијата откако успешно ќе се спроведе барањето. Секако, потребни ни се вашите податоци за резервацијата за да го побараме надоместокот. Без овие информации, не можеме да одредиме дали ви следува надоместок и во колкав износ. Потребни ни се податоците за резервацијата за да ги доставиме како доказ до авиокомпанијата. IP адресата, податоците за уредот и колачињата се собираат и обработуваат при посетата на нашата веб-страница. Со овие информации, меѓу другото, може да ги следиме и да ги подобриме нашите онлајн услуги. За повеќе информации околу колачињата, погледнете ја нашата политика за колачиња на www.claim24.nl.

Како се користат личните податоци?

Вашите лични податоци во Claim24 B.V. ги обработуваат само вработени кои добиле дозвола за истото во врска со нивната позиција и права на овластување.

Вашите лични податоци се пренесуваат на трети страни, како авиопревозник или (друг) доставувач на правни услуги, доколку е неопходно или има за цел успешно да се одговори на вашето барање. Доколку не е неопходно, прво ќе побараме дозвола од вас во кое било време. Вашите лични податоци не се продаваат на трети страни.

Вашите лични податоци не се чуваат подолго одошто е неопходно и често зависи од времетраењето на барањето за отштета. Периодот на чување по извршувањето на барањето е најмногу 24 месеци.

Можете да ги прегледате, поправите и/или измените, пренесете или да поднесете барање да ви се избришат личните податоци (ако вашите обврски се исполнети) преку info@claim24.nl или онлајн преку најавување. Посетете го делот „Моја отштета“ на нашата веб-страница.

Кога поднесувате барање за отштета и доставувате податоци (преку безбедна врска - HTTPS), ви се создава онлајн кориснички профил (на безбеден сервер) на кој може да се најавите преку делот „Моја отштета“ на нашата веб-страница. Тука можете да ги прегледате и измените сите зачувани лични податоци. Ќе бидете информирани колку е можно подетално за вашето барање преку оваа платформа. Само овластени вработени може да го прегледаат вашето барање и да додадат релевантни информации и/или документи и се обврзани со клаузула на доверливост.

Го задржувате правото да поднесете жалба.

Легислатива

Claim24 B.V. може исто така да ги собере и обработи вашите податоци доколку е потребно:

  • Врз основа на важечките закони и регулативи и во правни постапки, но и на барање на владата;
  • Со цел да се задржи употребата на важечките услови на Claim24, вклучувајќи ги и можните прекршувања или прекршувања на овие услови;

  • За да се откријат, истражат, спречат и или да се борат против измама, нелегални активности, безбедносни или технички проблеми;

  • За да се заштитат правата, сопственоста и безбедноста на Claim24 B.V., на трети страни и на нашите корисници.

Врски со трети страни

Веб-страницата www.claim24.nl може да содржи врски до други интернет страници кои не се дел од Claim24 B.V.. Claim24 B.V. не се одговорни за содржината на овие страници, услугите кои ги нудат и начинот на кој работат со вашата приватност. Може да се повикате на нашето одрекување на www.claim24.nl за повеќе информации.

Промени во приватноста

Claim24 B.V. може да ја смени изјавата за приватност во иднина. Доколку има нови, фундаментални промени во однос на обработката на податоци, ќе бидете известени. На оваа страница секогаш може да ја најдете последната верзија на нашата изјава за приватност. Доколку имате прашања за истата, ве молиме исконтактирајте нè на info@claim24.nl. Го задржувате правото на поднесување жалба.

Оваа страница користи колачиња. Со користењето на Claim24, ја прифаќате нашата политика за колачиња.    ПРИФАТИ