Презакажан лет

Резервиравте за празникот и подготвени сте да тргнете.Но, авиокомпанијата одеднаш го менува распоредот на летање. Со промена на распоредот на летање може да имате право на надомест. На авиокомпаниите им е дозволено да го менуваат распоредот на летање 14 дена пред закажаното полетување. Меѓутоа, често авиопревозниците го менуваат распоредот во тие 14 дена. Во овој случај, имате право на надомест.

 

Поднеси Барање

 

Големина на надоместот

Растојание

Надомест

< 1,500 km

€250

Помеѓу 1,500 и 3,500 km

€400

> 3,500 km

€600

Право на надомест

Дали имате право на надомест зависи зависи од тоа кога сте биле информирани за промената на распоредот на летот и за колку часа Вашиот лет бил променет во времето на поаѓање и/или пристигнување.

  • Сте биле информирани за промена на распоредот помалку од 7 дена пред закажаното заминување на Вашиот оригинален лет, а Вашиот нов лет заминува 1 час пред закажаното време на поаѓање ил ипристигнува 2 часа подоцна од закажаното време на пристигнување на оригиналниот лет.

  • Сте биле информирани за промена на распоредот помеѓу 2 недели и 7 дена пред закажаното време на полетување, а Вашиот нов лет заминува 2 часа пред закажаното време на полетување или пристигнува 4 часа подоцна од закажаното  време на слетување на оригиналниот лет.

Пример

Четири дена пред да полетате со Луфтханза од Амстердам со Москва, добивате порака од Луфтханза дека Вашиот лет заминува еден ден порано. Во овој случај сте биле информирани 7 дена или помалку пред закажаното време на полетување и Вашиот нов лет полетува најмалку 1 час порано. Затоа имате право на надомест. Сумата на надометот би била €400 бидејќи растојанието е помеѓу 1,500км и 3,500км.

Направивте дополнителни трошоци?

Веќе сте го резервирале Вашиот хотел, го договривте превозот и го испланиравте целото патување. Овие трошоци се направени претходно. Исто така, може ќе имате дополнителни трошоци заради промената на летот, на пример дополнителен престој во хотел ако Вашиот лет замине еден ден подоцна. Кој ги плаќа овие дополнителни трошоци? Claim24 може да Ви помогне да си ги вратите овие трошоци од авиокомпанијата. Важно е да ги чувате сите докази за направени дополнителни трошоци направени како резултат од пренасочување на летот.

 

 
 
Оваа страница користи колачиња. Со користењето на Claim24, ја прифаќате нашата политика за колачиња.    ПРИФАТИ