Дали Вашиот лет бил одложен или откажан заради штрајк? Тогаш можеби имате право на надомест!

 
ПОДНЕСЕТЕ БАРАЊЕ
 
 

Право на надомест

Дали Вашиот лет бил откажан заради штрајк или дали Вашето пристигнување на крајната дестинација било одложено за повеќе од 3 часа? Тогаш можеби имате право на надомест. Надоместот може да изнесува €600 по лице. Правото на надомест зависи од тоа кој го попречил летот.

Ако трета страна го прекине летот, при што авиокомпанијата нема никакво влијание, тогаш тоа се гледа како вонредна околност. Ако персоналот на авиокомпанијата го прекине летот, можеби имате право на надомест.

Запирање на летот од персоналот на авиокомпанијата

Европскиот суд донесе одлука дека авиокомпанијата треба да ги рефундира средствата на патниците само доколку нивниот персонал го почне штрајкот. Тоа се однесува на екипажот на кабината и пилотите. Во случај на задоцнување од повеќе од 3 часа, може да имате право на надомест до €600 по лице. Ова се однесува и ако летот е откажан. Надоместот се пресметува врз основа на времетраењето на одложувањето и растојанието на летот.

Запирање на летот од трети лица

Штрајковите во воздухопловството редовно се случуваат, но Вие немате секогаш право на отштета. Некогаш постои и вонредна околност. Доколку трета страна го попречи летот, при што авиокомпанијата нема никакво влијание, тогаш тоа се смета за вонредна околност. На пример, штрајк на контролорите за летање, ракувачите со багаж или на персоналот за безбедност на аеродромот. Авиокомпанијата тешко може да го спречи овој штрајк, бидејќи не се однесува на нивниот персонал.

Надомест за дополнителни трошоци

Заради штрајк Вие може да пристигнете неколку часа, или во некои случаи неколку дена подоцна на крајната дестинација. За тоа време Вие може да имате и дополнителни трошоци. Согласно Регулативата 261/2004 и Конвенцијата од Монтреал, авиопревозникот мора да ги плати овие ,,екстра'' трошоци. Тоа би биле:

Овие трошоци се плус од оние од надоместокот, а авиокомпанијата е должна да ги надомести. Затоа е важно секогаш да ги чувате Вашите сметки.

Право на грижа

Во согласност со Регулативата 261/2004 и Конвенцијата од Монтреал, авиокомпанијата има обврска да се грижи за патникот. Ова важи и за време на штрајк за кој не е одговорна авиокомпанијата, како што се штрајкови од трета страна. Со доцнење од најмалку 2 часа, Вие имате право на грижа. Во тоа се подразбира храна, освежување, и доколку е потребно, хотелско сместување или замена на летот.

Claim24 е тука за Вас

Claim24 им помага помага на патниците - жртви на штрајк. Дали Вашиот лет бил одложен или откажан заради штрајк? Claim24 со задоволство ќе Ви помогне. Ние се грижиме за сѐ, за Вие да не мора да се грижите за ништо. Врз основа на филозофијата ,,нема добивка, нема плаќање'', ние ќе ја наплатиме штетата од авиокомпанијата.

Оваа страница користи колачиња. Со користењето на Claim24, ја прифаќате нашата политика за колачиња.    ПРИФАТИ